Nokia Asha 303 - Поддршка

background image

Поддршка
Кога сакате да научите повеќе за тоа како да го користите Вашиот производ или

кога не сте сигурни како телефонот треба да функционира, внимателно

прочитајте го упатството за корисникот.

Можеби ќе Ве интересира и каналот на Nokia за видео поддршка на YouTube.

Ако ова не го реши Вашиот проблем, направете нешто од следново:

Повторно стартувајте го телефонот. Исклучете го телефонот и отстранете ја

батеријата. По околу минута, вратете ја батеријата на своето место и вклучете

го телефонот.

Ажурирајте го софтверот од вашиот телефон

Враќање на фабричките прилагодувања

Доколку дилемите останат нерешени, контактирајте со Nokia за опции за

поправање. Одете до www.nokia.com/repair. Пред да го испратите Вашиот

телефон на поправка, секогаш направете резервна копија на податоците, бидејќи

сите лични податоци на Вашиот телефон можат да бидат избришани.