Nokia Asha 303 - За интернет повиците

background image

За интернет повиците
Можете да остварувате и примате повици преку интернет (мрежна услуга).

Услугите за интернет повици може да поддржуваат повици меѓу компјутери, меѓу

мобилни телефони и меѓу VoIP уред и традиционален телефон.

Некои обезбедувачи на услугата за интернет повици овозможуваат бесплатни

интернет повици. За достапноста и трошоците за поврзување, контактирајте со

Вашиот обезбедувач на услугата за интернет повици.

Употребата на VoIP или други услуги може да биде ограничена во некои држави.

За повеќе информации, контактирајте со Вашиот трговец на телефонот,

операторот на услугата или локалните власти.

За да остварите или примите интернет повик, мора да бидете во услужната област

на WLAN или 3G мрежа и да сте пријавени на услуга за интернет повици.

Кога ја користите 3G мрежата за да остварите интернет повици, проверете дали

Вашиот оператор поддржува интернет повици во 3G мрежата. За да ги намалите

трошоците се препорачуваат планови со рамна стапка на податоци.

Совет: Ако немате план на податоци со одредени цени на плаќање од Вашиот

оператор на услуги, за да ги намалите трошоците околу податоците во Вашата

телефонска сметка кога упатувате интернет повици, користете WLAN.