
Дејства на екранот на допир
За интеракција со интерфејсот за корисникот на екранот на допир, допрете или
допрете и задржете го екранот на допир.
Отворање апликација или други елементи на екранот
Допрете ја апликацијата или елементот.
Пристап до опциите што се специфични за некој објект
Допрете и задржете го објектот. Се отвора мени што се појавува со достапни
опции.
Движење низ листа или мени
Поставете го прстот на екранот, придвижете го брзо нагоре или надолу по
екранот, а потоа тргнете го прстот. Содржината на екранот се движи со брзината
и насоката којашто ја имала во моментот на ослободување. За да одберете објект
од листата за движење и за да го сопрете движењето, допрете на објектот.
Основна употреба 13

Лизгање
Ставете го прстот на екранот и полека движете го во саканата насока.
На пример, кога гледате слика, за да ја видите следната слика, лизгајте налево.
За брзо пребарување низ Вашите слики, лизгајте го екранот брзо и потоа движете
се лево или десно низ сликичките.