Информации за батеријата и полначот
Вашиот уред е наменет за користење со BP-3L батерија што се полни. Nokia може да направи дополнителни модели
на батерии за овој уред. Секогаш користете оригинални Nokia батерии.
Овој уред е наменет за користење кога се снабдува со енергија од следниве полначи: AC-3, AC-8, AC-10, AC-11,
AC-15. Точниот број на моделот на полначот на Nokia може да варира во зависност од типот на приклучокот,
идентификуван со E, X, AR, U, A, C, K или B.
Батеријата може да се полни и празни стотици пати, но на крајот таа ќе се истроши. Кога времињата за разговор и
мирување се значително пократки од нормално, заменете ја батеријата.