
Вметнување SIM картичка и батерија
Забелешка: Исклучете го уредот и отстранете го полначот и кој било друг уред
пред да отстраните кои било капаци. Избегнувајте допирање на електронските
делови при промена на кои било капаци. Секогаш чувајте и употребувајте го
уредот со сите поставени капаци.
Важно: Овој уред е направен за употреба само со стандардна SIM картичка
(види слика). Употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети
картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на
картичката. Консултирајте се со мобилниот оператор за употребата на SIM
картичка што има мини-UICC исечок.
6
За почеток

Овој телефон е наменет за користење со некоја BP-3L батерија. Секогаш
користете оригинални Nokia батерии.
SIM картичката и нејзините контакти може лесно да се оштетат од гребнатинки
или свиткување, затоа бидете претпазливи кога ракувате, ја вметнувате, или
отстранувате картичката.
1 Исклучете го телефонот.
2 Извлечете го резето за отворање на задниот поклопец кон дното на
телефонот и отстранете го поклопецот.
3 Отстранете ја батеријата, ако е вметната.
4 Подигнете го капакот на држачот за SIM картички, осигурете се дека
областите за контакт на SIM картичката се свртени надолу и поставете ја
картичката во држачот.
За почеток
7

5 Спуштете го капакот на држачот на SIM картички.
6 Составете ги контактите на батеријата и вметнете ја батеријата.
7 Насочете го гоениот дел за заклучување кон неговото место и притиснете се
додека поклопецот не се заклучи на своето место.
8
За почеток

Вадење на SIM картичката
1 Исклучете го телефонот.
2 Отстранете го задниот поклопец.
3 Отстранете ја батеријата, ако е вметната.
4 Подигнете го капакот на држачот за SIM картичка и отстранете ја SIM
картичката.