Вметнување мемориска картичка
Користете само компатибилни мемориски картички, одобрени од Nokia за
користење со овој уред. Некомпатибилните картички може да ја оштетат
картичката и уредот или податоците зачувани на картичката.
Вашиот телефон поддржува мемориски картички со капацитет до 32 GB.
1 Исклучете го телефонот и отстранете го задниот капак и батеријата.
2 За да го ослободите држачот на мемориската картичка, лизгајте го држачот
во насоката назначена со стрелката на држачот. Подигнете го држачот за
мемориска картичка (1).
3 Осигурете се дека областа за контакт на мемориската картичка ќе биде
свртена надолу и вметнете ја картичката (2).
4 Спуштете го држачот на мемориската картичка (3).
5 За да го заклучите држачот на мемориската картичка, лизгајте го држачот во
неговата оригинална положба (4).
Отстранете ја мемориската картичка
1 Исклучете го телефонот.
2 Отстранете го задниот капак и батеријата.
За почеток
9
3 За да го ослободите држачот на мемориската картичка, лизгајте го држачот
во насоката назначена со стрелката на држачот. Отворете го држачот за
мемориска картичка и отстранете ја мемориската картичка.